Пред нас е 11ти мај, денот на кој веќе десеттина години кај нас му се оддава почит на Роберт Неста (Боб) Марли, најголемата реге легенда на сите времиња. Настанот од 2003та секоја година се оддржува во Скопје, а од оваа година традицијата се започнува и во Битола.
Секоја година, околу 10 илјади луѓе нестрпливо го чекаат првомајскиот одмор за да го посетат Trenchtown фестивалот, и да уживаат во тоа што тој го нуди. По 12ти пат, почнувајќи од 2002, Trenchtown фестивалот шири еколошка порака преку музичката програма и мултимедијални работилници.
По неколку месечна пауза на нивните концерти во Скопје, овој месец ќе можеме да ги слушнеме нашите два реге бенда Conquering Lion и Canon на добротворен концерт. Концертот е организиран од Зелената Арка и ќе се оддржи на 27.04 во Младинскиот Културен Центар.
Поранешните членови на британскиот реге бенд Musical Youth, кој пред 30 години се искачи на врвот со песната Pass The Dutchie, ја изгубија правната битка со нивните поранешни адвокати. Членовите ги обвинуваа адвокатите дека им дале лоши совети за можниот профит од нивниот хит од 1982.
Додека екипата Dub Incorporation се подготвува за балканската турнеја, во меѓувреме се снима документарниот филм насловен „Rude Boy Story“ во режија на Kamir Merdija.
Денсхол ѕвездата Vybz Kartel го прекина молкот околу неговите моментални проблеми со законот, изјавувајќи дека е невин. Vybz Kartel (Adidja Palmer) напишал писмо до Carolyn Cooper, професорка на West Indies универзитетот барајќи нејзина помош во случајот.
Задоволни од првото издание, организаторите и за ова лето ни го најавуваат реге фестивалот Big Up Skopje. Загревањето за истиот веќе е во подготовка и започнува со првата предфестивалска журка на 10ти март.
Си мислев... Дали да ја почнам приказната за Боб Марли со неговата година на раѓање, дискографија, успеси, живот... Но дали некој од вас веќе не го знае тоа? Да, знам дека одговорот е „Го знаеме“, затоа и го почнав текстот вака...
На 6ти овој месец се навршуваат 67 години од раѓањето на најголемата реге легенда - Боб Марли. Да ги погледнеме настаните со кои во нашата држава ќе се оддбележи овој роденден.
Конечно, на листата на пријавени бендови на познатиот европски реге натпревар Rototom се најде и македонски бенд - нашите Canon. Гласањето започнува денес и трае до 20ти февруари.
Долго oчекуваниот филм на Kevin MacDonald за Боб Марли конечно ќе ја дочека својата премиера на 62-то издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин кое ќе се одржи од 9-ти до 19-ти февруари.
Дружината „Актив раста селекторс“ е првиот македонски саунд систем и има настапувано во повеќе градови во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Хрватска. Погледнете го интервјуто со Дејан Василевски, познат како Гето Руди.
Пред неколку месеци пишувавме дека Sopot со синглот „Kosmos“ го најавија својот трет албум „Sopotnik“. Денес од овој се попопуларен бенд ни пристигна уште еден сингл од најавениот албум - „Jesmo, kako nismo“.
Не само што беше одговорен за воведувањето на мелодиката во музичката мапа, Augustus Pablo одигра и значајна улога во музичката историја на Јамајка. Во неговата улога како музичар и продуцент, има помогнато во оформувањето на реге музиката толку многу, па неговата музика може да се нарече „реге звукот на седумдесетите“.
Damian „Junior Gong“ Marley изјави дека постои можност за снимање на продолжение на Distant Relatives, коцептниот албум од 2010 што го издаде заедно со американската хип-хоп ѕвезда Nas.
И покрај тоа што често се жалев од неа, 2011та воопшто не беше лоша година кога се работи за издаваштвото. Гледајки наназад - тоа што недостасуваше во изданијата на повеќето од големите имиња од жанрот, го поправија неколку помалку познати имиња кои во некои случаи си обезбедија и сцена за да го направат наредниот чекор.
Познатата денсхол/реге ѕвезда Mark Myrie (популарен како Buju Banton), кој во моментот одслужува 10-годишна затворска казна поради обвиненија поврзани со дрога, можно е да биде ослободен поради грешка направена од властите во САД.
Овој петок (30ти септември) во Младинскиот Културен Центар во Скопје, веднаш по враќањето од балканската турнеја, тетовскиот реге/хардкор/даб бенд Conquering Lion ќе одржи целовечерен концерт со цел промоција на новиот албум „Know Your Wisdom!“.
Деновиве германскиот даб состав iLLBiLLY HiTEC го објави новиот сингл „Keep On Rolling“. На синглот гостуваат Longfingah и Zhi MC, а истиот е бесплатен за преземање.
Од утре започнува балканската турнеја на нашиот хардкор/реге бенд Conquering Lion. Турнејата ќе трае до 25ти овој месец, на просторите на Грција, Бугарија, Романија и земјите од поранешна Југославија. Првиот настап е закажан за Dimitra Giannoulis Stadium, Larissa / Грција.
Nigel „Niyorah“ Olivacce е роден на 9 октомври, 1980 година во Pointe Michel, Dominica. На 4 годишна возраст се преселува на Virgin Islands, со неговото семејство и почнува да стекнува интерес за музиката со слушање на реге колекциите на неговиот вујко и татко, кои вклучувале артисти како што се Bob Marley, Bunny Wailer, Burning Spear и Lucky Dube.
Јамајканскиот продуцент Joel Chin е убиен во вторникот вечерта, откако бил нападнат пред својот дом. Joel Chain беше познат како дел од издавачката куќа VP Records, внук на Vincent Chin (основач на VP Records) и син на продуцентот Clive Chin.
Bitola Open City е фестивал кој веќе 10 години се оддржува во организација на Младински културен центар - Битола. Ексклузивно, како дел од програмата за овогодинашното издание на фестивалот потврдени се настапите на познатите бендови Dubioza Kolektiv и S.A.R.S.
Од вечерва од сајтот на PMG Recordings бесплатно ќе може да го преземете синглот Fire, кој претставува најава за новиот албум на нашиот реге бенд Conquering Lion. Албумот „Know Your Wisdom!“ е втор албум на бендот, а неговото излегување во продажба се најавува за крајот на овој месец.
Како најава за третиот албум, најпознатиот бенд од Бања Лука (БиХ), Sopot, на своите фанови им го подарува својот нов сингл „Kosmos“. Автентичниот звук кој го создава овој бенд претставува хибриден спој на даб и балкански фолклор со примеси на реге, drum n bass, дабстеп итн.
По големиот успех на првиот дел, деновиве хрватската екипа Balkan's HiFi за Exit Label ја издаде втората BalkanFarraj компилација. Сместени се вкупно 24 песни од 29 артисти од Балканот, се со цел да се претстават изведувачите на просторот од Вардар до Триглав.
По интервјуто кое го објавивме пред околу две недели, соработката со германскиот реге артист Ephraim Juda продолжува со тоа што сега за читателите на Reggae.mk достапни се неколку бесплатни цд-а од неговиот прв албум „Coming Home“.
„Know Your Wisdom!“ е вториот албум на тетовскиот бенд Conquering Lion кој треба да излезе кон крајот на август. Исто како и првиот и овој албум ќе биде издаден за PMG Recordings. Од денес на SoundCloud можат да се слушнат инсерти од песните од албумот.
Ephraim Juda е пејач кој доаѓа од Берлин, Германија. Во последните неколку години берлинската сцена исфрли неколку одлични реге-пејачи меѓу кои е и Ефраим Јуда. Минатата година во јуни го издаде својот деби-албум „Coming Home“ кој веднаш се искачи на третото место на германската реге топ-листа.
По неколкуте претходни гостувања на просторот на Балканскиот полуостров, германската реге легенда Gentleman најавува уште еден настап во Хрватска. Во декември минатата година кај нас настапи на Таксират Фестивал, а потоа во мај одржа и самостоен концерт во Colloseum.
Како дел од турнејата „Dark (re)generation“, францускиот реге/ска/панк бенд Joke во текот на наредниот месец ќе настапи во неколку градови низ Македонија. Во склоп на турнејата спаѓаат и Србија, Хрватска и Словенија.
Во изминатите три дена на градската плажа „Камен Мост“ во Скопје се одржа долгоочекуваниот и прв македонски реге фестивал „Big Up Skopje“. Најпрвин фестивалот изгледаше како да нема да достигне некоја поголема атрактивност, но потоа се претвори во тотално лудило.
Реге пејачот Ричи Стефенс имал прилично тешка година поради убиството на неговиот посвоен син и реге артист Демар Граам познат по името „Copper Cat“, но Стефенс научил дека најдобар начин да продолжи понатаму е со неговите песни.
И покрај тоа што веќе не е меѓу нас, Gregory Isaacs останува запаметен како еден од најдобрите вокали во историјата на реге музиката. Неговите песни продолжуваат да бидат дел од плејлистите на многу DJ-и, а постојано се издаваат и нови преработки.
Хрватскиот ска/даб/панк бенд BeetanTone пред неколку дена го објави своето ново EP „Stiže promjena“, наменето за интернет промоција. Промо материјалот содржи 5 песни и е бесплатен за преземање од официјалниот сајт на бендот.
„Toronto International Jamaica Day Festival“ најави дека денеска на реге ѕвездата Фреди Мекгрегор и на најголемиот менаџер за турнеи во Jамајка којшто е исто така менаџер на артисти и историчар за реге музиката Копленд Форбс ќе им биде доделена награда за најистакнати луѓе кои придонеле кон реге музичката индустрија во Њу Кингстон, Јамајка.
Warrior King e реге артист кој на сцената се проби во 2001 со деби албумот „Virtuous Woman“. Албумот освои многу награди и се искачи високо на топ листите во многу земји. Во август излегува неговиот четврти албум „Tell me how me sound“.
Од 24 до 26 јуни во Скопје, на новата градска плажа, покрај Камени мост, ќе се одржи несекојдневен настан. Несекојдневен е затоа што ова е првиот реге фестивал, насловен „Биг ап Скопје“, некогаш организиран во Македонија.
Дел Арно Бенд е првиот авторски реге бенд кој пред 25 години се појавува на просторите на тогашната СФРЈ. За одбележување на овој јубилеј, од бендот најавуваат приредување на низа изненадувања, кои почнуваат со поклонување на бесплатниот сингл „Хороскоп“.
Следниот проект на глумецот и режисер Кевин Мекдоналд е документарец за реге пејачот од Јамајка Боб Марли. Тој за „Дигитал Спај“ изјави дека Боб Марли е икона и највлијателен музичар на дваесетиот век.
Денеска излезе колекција со најдобри песни од „Zion Train“ наречена „Dub Revolutionaries“. Овој бенд е еден од водечките реге инспирирани артисти во Велика Британија. Албумот е на две цедеа, а е компилиран од колегите на „Zion“, Макен од Варшава и „Les Earthdoctor“ од Велс. Покрај хитовите во компилацијата има ретки песни и радио сесија за Џон Пил, која што досега никогаш не била објавена.