Canon

Canon

Roots

Скопје

Canon е друштвен колектив, кој како маалски бенд постои од 2000 година.

Canon претставува големо семејство на музичари од различни генерации кои ги спојува љубовта. Љубовта кон музиката, љубовта кон природата и човечноста. Не е воопшто чудно тогаш што за свој ираз тие избираат да му се посветат на позитивниот звук на реге музиката во своите корени. Тие се засега најавтентичниот претставник на македонскиот реге звук. За тоа сведочат повеќе песни кои без никаков напор ги спојуваат навидум далечните карипски звуци со македонски мотиви. Впрочем Регето зборува за корени па иако е светски феномен сепак резонира одлично со нашите корени во амалгам на звуци кои ги спојуваат наместо да ги разделуваат културите. Слушајки ги Canon навистина ќе поверувате дека кога би бил денес жив Гоце Делчев сигурно би преферирал суканици наместо партиска книшка.

Во 2003 почнува да свири реге музика, а нивниот сингл „Излези“ излегува во 2006та. Синглот го снимаат со Нелектронски Гуру од „E Go East Records“ со кого го издаваат и нивниот прв албум „Глобално засмејување“. Бендот веќе работи на подготовка на песните за вториот албум „Macedonian Atra Roots“, а дел од истите веќе се презентираат на нивните настапи.

Членови:

  • Крунислав Стојковски (вокал)
  • Александар Савовски - Кришо (гитара)
  • Мустафа Јонузовски (бас)
  • Александар Нинич (клавијатура)
  • Јулијана Сојчевска (придружен вокал)
  • Филип Крстевски (тапани)
  • Филип Петрески (сакс)
  • Климентина Насевска (придружен вокал)
  • Вилијам Баракоски (труба)
  • Валентин Видович (тенор сакс)
  • Бисера Петреска (тромбон, придружен вокал)

Дискографија:

  • Глобално засмејување (E Go East Records, 2009)