Jam SistaZz

Jam SistaZz

Reggae, Ska

Скопје

Првото и единствено женско реге дуо, ЏАМ СИСТАЗ, составено од Ели-Раста Грл и Иренска, егзистира од 2005 година. Има остварено бројни настапи низ скопските локали, најмногу како дел од редовната програма на клубот Кастро. Исто така настапуваат и на повеќе поголеми фестивали како Егзит (Нови Сад, Србија), Аларм (Охрид, Македонија), Пиволенд и Бели Ноќи (Скопје, Македонија).

Заедно со уште неколку диџеи се дел од тимот кој го организира и настапува на традиционалниот “Боб Марли Ин Мемориам” – настан кој веќе осум години се одржува на познатата школка во градскиот парк. Нивните сетови се мешавина на реге и ска, без ограничување на подстилови, а во нив се наоѓаат и стари и нови хитови, како и некомерцијални нумери. Уметничката креативност од нивните професии, ја визуелизираат на бината со користење на ударни инструменти како и играње на јамајкански танчерски чекори. Минатата година, Ели-Раста Грл, која е и пејачка, имаше промоција на нејзината реге песна “Јави се на фиксен”.

Jam Sistazz

Jam Sistazz

Извор: Big Up Sk Fest