Reggae.mk е портал на кој на македонските реге фанови редовно ќе можат да се информираат за случувањата на светската и домашната реге сцена, да читаат рецензии на разни албуми, да добиваат информации за настапи и фестивали кај нас и околината итн. Eдна од главните цели на оваа иницијатива е и промоција на македонските артисти, давање поддршка за нивните настапи и сл. Реге музиката често е поврзана со ска, даб и сл., па затоа не е исклучена можноста да се пишува и за овие музички стилови.
Денешницата може да биде карактеризирана како време во кое многу поголема важност се дава на неквалитетот, отколку на вистинските вредности. Време во кое луѓето (особено младата популација) се под се поголем удар од музичкиот шунд.
Сепак, и покрај ваквата состојба, во Македонија има голем број на млади луѓе кои успеваат да се одбранат од овој „напад“ и се држат до вистинските уметнички вредности. Инспирирани од успешната работа на повеќе македонски интернет заедници за одредени стилови во музиката, како и од фактот дека не постои ниту едно место каде што луѓето можат на македонски јазик да се запознаат и да бидат во тек со реге културата, решивме да го започнеме reggae.mk проектот.
Доколку мислите дека на било кој начин можете да помогнете во развојот на овој проект (пишување на содржина, фотографирање...), не губете време и контактирајте нè :)
За реге музиката Извор: Wikipedia
Реге музиката е музички жанр првпат развиен во Јамајка во доцните 1960-ти. Иако понекогаш се користи во поширока смисла на зборот и се однесува на повеќето типови на музика во Јамајка, терминот реге посоодветно означува одреден музички стил кој потекнува следејќи го развојот на Ска и Рокстеди музиката.
Реге музиката се базира на ритмички стил карактеризиран со акценти на Оф-битот, познат како Сканк. Реге ритамот е нормално побавен од ска и рокстеди ритмите. Реге музиката обично ги акцентира вториот и четвртиот удар во секој такт, со ритам гитара, или нагласувајќи го третиот удар или држејќи го акордот на вториот удар, додека се свири четвртиот. Главно поради овој "трет удар", неговата брзина и употребата на комплексни бас линии, се диференцира реге од рокстеди музиката, иако подоцни стилови ги споија овие иновации одделно.
Повеќе за реге музиката на Wikipedia