Почнува звукот на Volume 2 - Big Up Skopje Festival. Прва предфестивалска журка со iLLBiLLY HiTEC и Longfingah.
::iLLBiLLY HiTEC (Германија)::
Звукот на iLLBiLLY HiTEC комбинира дапстеп, џангл, брејкбит и хип-хоп. Тапан во живо, електронски звуци и семплови што
создаваат енергичен звук, што го прави овој бенд еден од „најветувачките“ даб-електронски перформанси од Германија.
Нивниот прв ЕП, „BadBoyBass“, претстави шест „луди“ песни снимени со Марлен Џонсон, Лонгфинга и Еманеро. Ова ЕП ја
изненади европската сцена и на iLLBiLLY HiTEC им ги отвори вратите за настапи низ Букурешт, Лондон, Берген и Палермо.
Берлинското дуо сега работи на неколку винил и МП3 изданија, пред нивниот голем албум оваа есен.
::Longfingah (Германија)::
Лонгфинга е еден од најдобрите берлински реге-артисти. Последниве години тој ја има претставено неговата музика во
главите на реге-фановите насекаде низ Европа и пошироко.
Музичкото патување на Лонгфинга почнува во 1996 година како ем-си за хип-хоп екипата Only Lyrikz. Од 1998 до 2007 година, тој пее во ска-панк бендот Ska-T. Во овој период Ska-T имале повеќе од 300 настапи низ Германија, Холандија, Полска, Австрија и Шведска. Тие снимиле две EP-a и два албума. Од 2003 година, тој се приклучува на реге-џез бендот Wood in Di Fire на нивните месечни настапи во берлинскиот клуб Shokoladen. Така станува се повеќе вклучен во реге и денсхол сцената, па почнува почесто да учествува во настапи на саунд системи. Во 2006 година Лонгфинга го снима неговиот прв соло-албум Rebel Style, претставувајќи го Rude Riddim Band. Во 2009-та излегува неговиот втор албум Lo-Fi Youthz / Fly Over The Yard, кој е соработка со Firetower Productions, а издаден е од Moanin. Во меѓувреме, работи со неколку бендови и саунд системи како iLLBiLLY HiTEC и Mungos HIFI. Моментално работи со неговиот бенд Dub Engineers на промоција на најновиот албум Cityopian Spirit.
Домашна поддршка ќе бидат:
Active Rasta Selectors (Geto Rudi и Ya’Man)
Bass Infusion
Nerses Malakjan (Fat Beats - Armageddon on the streets)
Почеток: 23:59 часот
Крај: Кога сонцето ќе изгрее и нема да можете повеќе да стоите!
Влез: 150 денари