DJ Irie Pirate

DJ Irie Pirate

Roots, Dancehall, Rocksteady, Ska

Скопје

DJ Irie Pirate на македонската реге сцена активно настапува од 2001 година. На македонската публика е познат по настапите на 11 мај или познат како „Боб Марли ден„, сетови на повеќе фестивали од кои Peace Festival 2005, Open air Fest 2007, Пиволенд 2009, Аларм за природата 2010, a како еден од резидентите редовно настапува во ноќниот клуб Кастро на традиционалните реге вечери.

Настапи има и во повеќе клубови низ Македонија, Србија и Хрватска. Во музиката со која настапува преовладува roots reggae ритамот, воглавно од карибските артисти комбиниран со европски изведувачи и се поактивната балканска реге сцена. Неговите настапи се секогаш во “irie” атмосфера каде многу често се среќаваат и dancehall, rocksteady и ska ритмови.

Извор: Big Up Sk Fest