Big Up Skopje Festival

Big Up Skopje Festival

Градска плажа - Камен Мост, Скопје

  • Почеток 19:00 – 
  • Крај 02:00
  • Влез Бесплатен

Од 24 до 26 јуни во Скопје, на новата градска плажа, покрај Камени мост, ќе се одржи несекојдневен настан. Несекојдневен е затоа што ова е првиот реге фестивал, насловен „Биг ап Скопје“, некогаш организиран во Македонија. Најпосле и нашата држава ќе се најде на мапата на светското реге. Влезот ќе биде слободен, а ќе настапат повеќе од 20 реге-артисти.

Фестивалот „Биг ап Скопје“, во три дена, ќе понуди програма од реномирани светски реге-имињи и домашни диџеи и бендови. Ѕвезда на фестивалот е Џенерал Ливи од Велика Британија, познат по неговиот огромен интернационален хит „Инкредибл“. Од Германија доаѓаат Ефраим Јуда, кој важи за еден од најнадежните реге-пејачи од берлинската сцена, и Мика Рагуа, симпатичната и весела диџејка од Хале.

Од регионот ќе се претстават Словенецот Кантримен, кој има култен статус кај балканските познавачи на реге-звукот, и Рим Ранер од Србија, со има широк спектар од реге-стилови во неговиот диџејски сет. „Мафија Саунд Систем“ е составен од тоустерот Ваквако од Србија и селекторот Дон Јоле од Македонија.

Од македонската реге-сцена ќе настапуваат сите позначајни имиња: „Актив раста селекторс“, „Олд лајон саунд систем“, бендот „Конкеринг лајон“, Ајри Скреч, диџеј Славе, Гејм Овер, „Џам систаз“, Чарли, Ајри Пајрат, Лајон Џуниор, „Нати фаја саунд систем“, „Бас инфузија“, Малиот Принц, Драш, Нерсес Малакјан и „Зелената Арка“.

Big Up Skopje Festival