GREENTONE CREW & CLUB KENZO TANGE PRESENTS:
CONQUERING LION (tour start)
Dub / Reggae / Hardcore
Членови:
Rootsman I (Vocals, Guitar, Trombone)
Yugo (Drums)
Deki (Guitar, Back Vocals)
Papak (Bass Guitar)
Kondur (Percussions)
Shajo (Keyboards, Trumpet)
Spanac (Sound Master)
Conquering Lion е даб/реге/хардкор бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува во април 2007. Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово. Новиот албум излегува на 26ти август по што следи балканска турнеја од 1ви до 25ти септември.
24.11. - Club Kenzo Tange, Skopje/MK
26.11. - Bistro Cveteto, Kazanlak / BG
29.11. - Underworld Club, Bucharest / RO
30.11. - Subway Pub, Bacau / RO
01.12. - Bohemian Flow, Sibiu / RO
02.12. - Plan-B, Bistrita / RO
03.12. - TMC, Focsani / RO
04.12. - Oya, Brasov / RO
MASTRAFIZAM SOUND SYSTEM
Mastrafizam Sound System е проект состав од повеќе уживатели на реге музиката и борци за правата во Урбаната Џунгла. По десет годишна соработка со повеќто селектори од Урбаниот Систем, Урбаниот Регенератор почнува да функционира на база на реге, рагаa , ска и даб ритмови со што го тактизира пулсот на Македонската ‘’Гринтон’’ Нација и ја активира вољата на сите борци кои се спремни да маршираат свесно за своите права и за големиот JAY – DAY … Скопје. Spliff…. Spliff …splif… GREENTONE NATION…
RASTA SRNA
Oд новата школа на reggae селектори, ќе се претстави со свој сет кој опфаќа повеќе подстилови (Reggae Lovers, Rocksteady, Roots Reggae, Modern Reggae). Како резидент DJ во скопското култно кафуле New Age, таа …со години наназад ја одржува reggae културата на овие простори.
IRENSKA
По своите забележителни настапи на фестивалите Exit, Pivolend, Alarm za prirodata, Bob Marley Day, како дел од дуото Jam Sistazz заедно со Elly-RastaGirl, таа со својот препознатлив стил и харизма ќе се претстави со Reggae, Ska, Raggamuffin, D’n’B…Таа е еден од организаторите на веќе афирмираниот Bob Marley Day In Memoriam во Скопје, како и на Bob Marley B-day party настанот одржуван традиционално во клубот Castro, каде беше и резидент DJ на reggae журките кои се случуваа секоја среда неколку сезони.
~ CLUB KENZO TANGE - Train Station Skopje ~