Gentleman, неуморниот предводник на новата реге генерација, ќе настапи повторно во Скопје на 17ти мај, во организација на Password Production. Tilmann Otto ака Gentleman, овој пат ќе одржи самостоен концерт во клуб Колосеум, во склоп на турнејата за неговиот петти албум „Diversity“.
36 годишниот Германец навлечен на реге звукот со кој ja освои светската публика и веќе 10 години е речиси постојано букиран на светски турнеји, со повеќе од 1000 настапи во живо и бројни награди, денес е еден од најпознатите реге музичари. Со музика креирана да ја подигне политичката и социјална свест, исполнета со искрени емоции, Tilman Otto е длабоко хуман артист, чии хитови прераснуваат во модерни класици на реге жанрот.
Настапот во Скопје е дел од европската турнеја која стартуваше на 12ти април, во чиј склоп се закажани 50 концерти низ европските метрополи, додека на 27ми април фановите ги очекува објавувањето на нови live DVD и CD, „Diversity Live“. Ова ќе биде втора средба на Gentleman со македонската публика после гостувањето на Таксират 12.
Како што вели неговото име и насловите на песните, со Џентлмен секогаш има доволно простор за вистинска љубов, толеранција и разбирање. Респект за Gentleman!