По серијалот New Reggae Age журки на тројцата reggae селектори, дојде време истите да се претстават на штипската публика. Специјално за овој настап, подготвија перформанс во ритамот на срцето:
RASTA SRNA – од новата школа на reggae селектори, ќе се претстави со свој сет кој опфаќа повеќе подстилови (Reggae Lovers, Rocksteady, Roots Reggae, Modern Reggae). Како резидент DJ во скопското култно кафуле New Age, таа со години наназад ја одржува reggae културата на овие простори.
IRENSKA – по своите забележителни настапи на фестивалите Exit, Pivolend, Alarm za prirodata, Bob Marley Day, како дел од дуото Jam Sistazz заедно со Elly-RastaGirl, таа со својот препознатлив стил и харизма ќе се претстави со Reggae, Ska, Raggamuffin, D’n’B…Таа е еден од организаторите на веќе афирмираниот Bob Marley Day In Memoriam во Скопје, како и на Bob Marley B-day party настанот одржуван традиционално во клубот Castro, каде беше и резидент DJ на reggae журките кои се случуваа секоја среда неколку сезони.
CHARLEY – еден од најактивните reggae селектори во земјава, кој оваа година слави мал јубилеј од 20 години со работа на ова поле. Последните 13 се бави со темата REGGAE. Тој е најголемиот виновник за веќе надалеку познатиот Bob Marley Day кој се одржува на школката во градскиот парк во Скопје и 8 години по ред собира огромен број на луѓе. По повод јубилејот прави мала турнеја во Италија (Падова, Венеција, Верона и Болоња). Има настапувано низ цела Македонија, а и пошироко, но сега за прв пат во Штип, каде ќе се претстави со Reggaeton, Latino Reggae, Gospel Reggae, World Reggae, Dub, Afrobeat.