BeetanTone со интернет промо EP „Stiže promjena“

Напишано од Дејан Албуми

Хрватскиот ска/даб/панк бенд BeetanTone пред неколку дена го објави своето ново EP „Stiže promjena“, наменето за интернет промоција. Промо материјалот содржи 5 песни и е бесплатен за преземање од официјалниот сајт на бендот.

BeetanTone е бенд формиран во 2007ма од страна на неколку млади луѓе од Шибеник и Загреб. Денес бендот го сочинуваат девет члена, секогаш расположени за музика, дружење и забава. И покрај тоа што е причично нов и со кратка историја, бендот се стекнува со многу фанови и има одржано голем број на концерти и настапи низ целиот балкански регион. Во септември минатата година беа во Македонија и настапија на главната сцена на третиот „Пиволенд“ фестивал во Скопје.

Во 2008ма бендот го издава своето прво промо CD кое исто така може бесплатно да се преземе од нивниот сајт.

Преземете го „Stiže promjena“.

  1. Bolji život
  2. Vrijeme je za buđenje
  3. Pitam se
  4. Vruće
  5. Stiže promjena