Бесплатен сингл од Conquering Lion

Напишано од Дејан Новости

Од вечерва од сајтот на PMG Recordings бесплатно ќе може да го преземете синглот Fire, кој претставува најава за новиот албум на нашиот реге бенд Conquering Lion. Албумот „Know Your Wisdom!“ е втор албум на бендот, а неговото излегување во продажба се најавува за крајот на овој месец.

Сајтот кој вечерва треба сите да го посетиме е www.pmgrecordings.com.

Додека чекаме да излезе синглот, слушнете инсерти од сите песни од албумот.