Musical Youth ја изгубија правната битка

Напишано од Дејан Новости

По неколку месечна пауза на нивните концерти во Скопје, овој месец ќе можеме да ги слушнеме нашите два реге бенда Conquering Lion и Canon на добротворен концерт. Концертот е организиран од Зелената Арка и ќе се оддржи на 27.04 во Младинскиот Културен Центар.

Средствата кои ќе се соберат од концертот ќе бидат искористени за започнување на реконструктивните зафати за обнова на поранешното основно училиште во Серменин, каде што се планира да биде основан првиот центар за пермакултура во Р. Македонија.

Освен овие два бенда, на концертот ќе настапат и Бојан Петков, Лоши Деца, Подземан ефект, Bernays Propaganda, Sethstat и Noitu [Live AV performance].

Целосна програма:

17:00 Работилница - Спирала со билки
19:00 Образовен филм - „Вовед во пермакултурен дизајн“
20:00 Изложба на фотографии и промоција на брошури за Пермакултура
20:30 Концерт