Conquering Lion со спот за „Fire“

Напишано од Дејан Новости

Нашиот познат реге состав Conquering Lion вчера во клубот „Амнезија“ во Тетово го промовираше својот прв видео спот - на песната „Fire“ од вториот албум „Know Your Wisdom“.

“Главната тема на спотот е да се прикажат моментите во кои луѓето треба да уживаат повеќе и на кои треба да се обрне повеќе внимание - дружењето, меѓусебното помагање и разбирање, нормално во живо и реално, а не дома преку фејсбук или преку некое друго онлајн помагало. Да се вратат чувствата меѓу луѓето назад и да ја почувствуваат природата во себе и да се приближат кон неа. Наспроти секојдневните настани/притисоци што ни ги оттргнуваат мислите од горенаведеното, претставени преку војни, лаги и секакви други видови на контрола, сакавме да направиме споредба помеѓу едното и другото и да се претстават во вистинско светло двете страни.„

Сликите од промоцијата ќе бидат објавени наскоро, во меѓувреме погледнете го видеото: