Damian Marley со нов албум?

Напишано од Дејан Новости

Damian „Junior Gong“ Marley изјави дека постои можност за снимање на продолжение на Distant Relatives, коцептниот албум од 2010 што го издаде заедно со американската хип-хоп ѕвезда Nas.

Неодамна во едно интервју за Longhorn Hip Hop радио станицата, Damian кажал дека чувствувал големо задоволство работејки на сетот кој го дистрибуираа заедно со Universal Republic и Def Jam Recordings, и дека постои можност за сличен таков проект со Nas.

„Ова ќе биде последното што го работиме во Америка во наредниот период“, изјавил пред да искоментира „Тоа ќе биде добро. Надежно.“ Marley изјавил и дека е можна и турнеја низ Африка со која би се промовирал албумот. Заедно со Nas одржаа турнеи низ САД и Европа, но никогаш не стигнаа до Африка каде Distant Relatives беше исто така мошне добро прифатен.

„Една од работите кои останаа од проектот е заминувањето за Африка. Мислам дека тоа е добра идеја која помага да се зацврсти мостот помеѓу западната хемисфера и Африка.“ Фузијата од реге и хип-хоп, Distant Relatives, исто така содржеше актови како Stephen Marley, британската пејачка Joss Stone и американската рап сензација Lil Wayne. Земајќи го во предвид тоа што албумот дебитираше на петтото место на Billboard Magazine Top 200 листата и се искачи на врвот на R&B/хип-хоп листата на истото списание, албумот се продаваше скромно. Distant Relatives се најде на повеќе топ листи во Европа, а неговиот главен сингл As We Enter го зазема 30тото место на Британската топ листа на синглови.

Извор: JamaicaObserver.com