Дел Арно Бенд со нов бесплатен сингл
Напишано од Новости
Дел Арно Бенд е првиот авторски реге бенд кој пред 25 години се појавува на просторите на тогашната СФРЈ. За одбележување на овој јубилеј, од бендот најавуваат приредување на низа изненадувања, кои почнуваат со поклонување на бесплатниот сингл „Хороскоп“.
Синглот воедно претставува и најава за новиот албум на кој работи бендот и треба да излезе наскоро. Улогата на промотор за овој материјал ја добива музичката телевизија MTV.
„Најважна работа оваа година ни е тоа што преживеавме 25 работи години. Практично, се што ќе работиме оваа година ќе биде во знак на јубилејот. Во тие рамки ќе имаме настапи меѓу кои е и настапот на Arsenal фестивалот во Крагујевац. На овие простори се ретки тие што имаат работено по волку многу. Во Србија можат на прсти да се набројат оние кои имаат работено повеќе од 20 години, и на тоа ние сме горди.“ - изјавува фронтменот Јован Матиќ.
Бендот е формиран во јули 1986 во Белград, Србија од браќата Владан и Јован Матиќ. Во својата 25 годишна кариера ги има издадено албумите: „Igraj Dok Te Ne Sruše“ (1989), „Godina Majmuna“ (1992), „Geneza“ (1993), „Reggaeneracija“ (1995) и „Vreme Vode“ (2006).
Синглот може да биде преземен од регионалните сајтови на MTV.
Основната слика е преземена од Wikipedia.