Elly Rasta Girl со нов бесплатен сингл

Напишано од Дејан Новости

Нашата артистка Elly Rasta Girl, која на македонската реге сцена се проби пред некое време со првиот сингл „Јави се на фиксен“ деновиве го промовираше својот нов сингл „Крај на се“.

Продукцијата и аранжманот се на Гоце Симоновски и Супернова, а текстот е напишан од Марија Панева - Мари. Во песната гостуваат Соња Стевчевска како придружен вокал, како и MC Коска и Александар Илијевски (Шајо) од Conquering Lion.

Во песната се зборува за секојдневниот живот на младите во нашата држава.

Elly Rasta Girl најавува и видео за синглот кое би требало да излезе до крајот на овој месец, како и уште неколку песни кои треба да бидат промовирани.

Синглот во MP3 формат може да се преземе од порталот МММ.