Филмот за Боб Марли со премиера во февруари
Напишано од Новости
Долго oчекуваниот филм на Kevin MacDonald за Боб Марли конечно ќе ја дочека својата премиера на 62-то издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин кое ќе се одржи од 9-ти до 19-ти февруари.
„Marley“ ќе го истражува животот, наследството и глобалното влијание на Боб Марли и ќе ни го претстави животот на реге иконата преку интервјуа со многу од луѓето кои биле околу него, притоа користејќи доста редок архивски материјал.
Според еден блог посветен на Боб Марли, на режисерите на филмот им бил даден целосен пристап до домашната архива на семејството Марли, како и дозвола за вклучување на реткиот материјал.
Kevin MacDonald, режисерот на „Touching the Void“ и „The Last King of Scotland“, e третиот кој го презеде режирањето на овој филм откако Jonathan Demme и Martin Scorsese не успеаа да го завршат.
Извор: UnitedReggae