Фреди Мекгрегор ќе добие награда за животно дело
Напишано од Новости
„Toronto International Jamaica Day Festival“ најави дека денеска на реге ѕвездата Фреди Мекгрегор и на најголемиот менаџер за турнеи во Jамајка којшто е исто така менаџер на артисти и историчар за реге музиката Копленд Форбс ќе им биде доделена награда за најистакнати луѓе кои придонеле кон реге музичката индустрија во Њу Кингстон, Јамајка.
Фреди Мекгрегор познат по неговите реге балади ја започнал неговата музичка кариера во шеесетите години. Тој бил пејач во бендот „Clarendonians“. Го снимил својот прв хит „Why did you do it“ со неговиот пријател Ернест Вилсон. Во 1972 го формирал бендот „The generation gap“ и потоа ја започнал својата соло кариера.
Во 1983 година се истакнал со хитот „Big Ship“ којшто се качил во топ десет на реге листата во Англија и Јамајка. Успехот од овој хит е главна точка во неговата кариера и го издига во интернационална слава. Од тогаш натаму снимил многу хитови од кој попознати се „Push Come To Shove“ „Africa Here I Come“, „I Was Born A Winner“, „Let Them Try“, „Stop Loving You“, „Prophecy“ и „So I Will Wait For You“. Во неговата четиридецениска кариера Мекгрегори има добиено голем број на награди и признанија како Меѓународна награда на заслуги од канадските Реге музички награди, ЈАМИ награда за синглот „Push Come to shove“, награда за најдобар меѓународен артист од радио BBC и уште многу други интернационални награди.
Фреди ќе ја добие награда за животно дело на „Toronto International Jamaica Day Festival“ за неговите исклучителни достигнувања на голем број хитови.
Реге авантурата на Форбс преку музичката индустрија започнала кога тој бил член на групата Harmonicats, тој е еден од најискусните менаџери на турнеи и неофицијален амбасадор на Јамајка. Форбс претставувал голем број на врвни реге бендови меѓу кој The Wailers, The Mighty Diamonds, Peter Tosh, Jimmy Cliff, Black Uhuru, Sly and Robbie, Third World, Dennis Brown, U-Roy, Marcia Griffiths, Frankie Paul, Morgan Heritage, I-Threes, Luciano, Sizzla, Ziggy Marley, Andrew Tosh, Freddie McGregor, Beres Hammond, Chaka Demus and Pliers, Junior Reid, Sugar Minott, Mutabaruka, Half Pint и Maxi Priest. Тој е најверојатно човек што најмногу има патувано со реге бендови на турнеи низ целиот свет.
Форбс ќе издаде автобиографија „Reggae my life is“ следната година на 50 годишнината од кога почнал да се бави во музичката индустрија. Многу очекуваната книга ќе ја раскажува неговата авантура во музичката индустрија.
Форбс ќе ја добие наградата “The Toronto International Jamaica Day Legend Award,” за неговите сервиси како истакнтат придонесувач на музиката во Јамајка.
Основната слика е преземена од Wikipedia.