Gentleman повторно со настап на Балканот
Напишано од Настани
По неколкуте претходни гостувања на просторот на Балканскиот полуостров, германската реге легенда Gentleman најавува уште еден настап во Хрватска. Во декември минатата година кај нас настапи на Таксират Фестивал, а потоа во мај одржа и самостоен концерт во Colloseum.
Gentleman заедно со својот шеснаесетчлен бенд The Evolution ќе настапи на Pannonian Challenge фесталот кој ќе се одржи од 17ти до 21ви август во Осијек, Хрватска. Овој настап ќе биде искористен и како промоција на неговиот последен албум Diversity, кој минатата година се најде на врвот на листата на најпродавани албуми во Германија.
Gentleman (Tilmann Otto) својата кариера ја започнува во 1998 год., а денес претставува еден од најпознатите реге артисти низ целиот свет.
Основната слика е преземена од Flickr.