Hornsman Coyote со нов спот заедно со Jah Mason

Напишано од Дејан Новости

Hornsman Coyote моментално е покреативен од било кога, паралелно градејќи самостојна кариера во светски рамки и војдејќи го повратниот поход на Eyesburn. И покрај сите препреки од општеството, Coyote деновиве го завршува својот нов албум.

Покрај спремањето на новиот албум, Hornsman Coyote свири и тромбон за новите албуми на светски познатите легенди Max Romeo и Lee Scratch Perry, а соработува и уште со многу други музичари.

На официјалниот YouTube канал на Balkan Music Box премиерно е објавен спотот на песната „Belly of the Beast“, производ на соработката помеѓу Hornsman Coyote и интернационалната ѕвезда на „nu roots“ звукот - Jah Mason.

Во текот на минатите неколку дена спотот беше најавен преку неколку кратки видеа кои откриваа некои детали околу приказната и самиот спот.

Погледнете го видеото: