Joke со неколку настапи низ Македонија

Напишано од Дејан Настани

Како дел од турнејата „Dark (re)generation“, францускиот реге/ска/панк бенд Joke во текот на наредниот месец ќе настапи во неколку градови низ Македонија. Во склоп на турнејата спаѓаат и Србија, Хрватска и Словенија.

Почетоците на составот датираат уште пред повеќе од 15 години и низ годините бендот има одржано стотици концерти низ Франција, Африка, на Балканот итн. Денес бендот е составен од 8 члена т.е. дувачка секција и dj задолжен за скречовите, а во нивната музика постојано експериментираат со повеќе правци како реге, даб, фанк, хип-хоп, ска…

Оваа година излезе нивниот нов албум „En vente dans ce monde de merde“, кој исто како и претходните е достапен за бесплатно преземање од сајтот на бендот www.joke-joke.net.

Настапи низ Македонија:

  • 11.07 - Дом на млади, Штип
  • 12.07 - Албум, Струга
  • 13.07 - Битола
  • 14.07 - Пивофест, Прилеп
  • 15.07 - Клуб Хавана, Скопје