Кевин Мекдоналд ќе сними филм за Боб Марли

Напишано од Крум Јаневски Новости

Следниот проект на глумецот и режисер Кевин Мекдоналд е документарец за реге пејачот од Јамајка Боб Марли. Тој за „Дигитал Спај“ изјави дека Боб Марли е икона и највлијателен музичар на дваесетиот век.

– Ви гарантирам дека не можете да поминете ден во Лондон без да слушнете барем една песна од Боб Марли или пак да видите сувенири од него. Во која земја и да одите луѓето знаат кој е тој. Голем дел од луѓето не знаат кои се Битлси или пак Лејди Гага. Тој е единствената ѕвезда од дваесетиот вел, која што потекнува од сиромашна држава. Марли пораснал спиејќи во мала колиба, на земјата. Тој е поразличен и затоа е толку уникатен и важен – зборуваше режисерот.

Основната слика е преземена од Wikipedia.