Можно ослободување на Buju Banton
Напишано од Новости
Познатата денсхол/реге ѕвезда Mark Myrie (популарен како Buju Banton), кој во моментот одслужува 10-годишна затворска казна поради обвиненија поврзани со дрога, можно е да биде ослободен поради грешка направена од властите во САД.
Според медиумите, ослободуваењто на Buju Banton би можело да следува по откривањето дека властите го прекршиле Speedy Trial законот според кој обвинетиот требало да биде изведен пред судот во рок од 70 дена (право загарантирано според шестиот амандман во американскиот устав).
Првото судење на Buju Banton се оддржа во септември минатата година, девет месеци по неговото апсење од страна на властите во Флорида и четири месеци по одложувањето на првично закажаниот датум за судење. Второто судење, на кое тој беше осуден, се оддржа во февруари оваа година, четири месеци откако за случајот беше дозволена кауција.
Американскиот Врховен Суд развил тест од 4 дела, составен од должината на задоцнувањето, причините за задоцнувањето, тврдењето на обвинетиот за неговото право на брзо судење, како и влијанието врз обвинетиот. Секое прекршување на Speedy Trial законот може да доведе до разрешување на кривичното дело поради неможноста на државата за изведување на обвинетиот пред судот во одреден временски период.
Адвокатскиот тим на Buju Banton минатата недела поднел жалба до Апелациониот суд во Џорџија, повикувајки се на прекршување на споменатиот закон и соопштувајќи дека реге пејачот не бил вклучен во никаков заговор со дрога.
Buju Banton беше осуден на 10 години затвор поради три обвиненија произлезени од инцидентот во декември 2009та кога тој наводно планирал организирање на договор поврзан со дрога во склад контролиран од полицијата.
Извор: Examiner