Musical Youth ја изгубија правната битка
Напишано од Новости
Поранешните членови на британскиот реге бенд Musical Youth, кој пред 30 години се искачи на врвот со песната Pass The Dutchie, ја изгубија правната битка со нивните поранешни адвокати. Членовите ги обвинуваа адвокатите дека им дале лоши совети за можниот профит од нивниот хит од 1982.
Високиот суд пресудил во корист на партнерите од веќе непостоечката фирма Woolf Seddon, одбивајки ја поднесената жалба од Dennis Seaton, Michael Grant, Kelvin Grant, Frederick Waite Junior и претставник на починатиот Patrick Waite. Членовите на Musical Youth биле на возраст помеѓу 11 и 15 години кога Pass The Dutchie била издадена во септември 1982.
Денес членовите се со по околу 40 години, освен Patrick Waite кој на 24 год. почина во 1993. Легалната процедура била започната уште во 2004, тврдејки дека адвокатот Tony Seddon и неговите партнери од Woolf Seddon не ги исполниле своите должности со тоа што не успеале да ги заштитат авторските права во сопственост на Musical Youth.
Судијата изјавил дека Pass The Dutchie била адаптација на песната Pass The Kouchie снимана од реге бендот The Mighty Diamonds.
Извор: Global Reggae Top 40