Нова Компилација на легендарните „Zion Train“
Напишано од Албуми
Денеска излезе колекција со најдобри песни од „Zion Train“ наречена „Dub Revolutionaries“. Овој бенд е еден од водечките реге инспирирани артисти во Велика Британија. Албумот е на две цедеа, а е компилиран од колегите на „Zion“, Макен од Варшава и „Les Earthdoctor“ од Велс. Покрај хитовите во компилацијата има ретки песни и радио сесија за Џон Пил, која што досега никогаш не била објавена.
„Zion train“ започнале во раните осумдесети години како саунд систем спојувајќи даб со минимал техно и глобални влијанија, кои придонеле во редефинирањето на даб музиката во деведесетите. Во 2007 со издавањето на нивниот девети албум „Live as One“ добиле признание за нивната напорна работа, со која што ги имаат поместено ограничувањата на реге и денс музиката. Тие се здобиле со многу посакуваната награда „Најдобар Даб албум“ на доделувањето на Реге „Греми“ наградите во Јамајка.
Овој бенд во последните дваесет години има направено турнеи низ целиот свет, станувајќи познати по нивните концерти насекаде.
Подолу можете да ги видите песните во компилацијата.
CD 1
- Zion Train - Dub Power
- Zion Train – Dub To Power
- Zion Train – Ross Ice Shelf
- Zion Train – Fox
- Zion Train – Cuttlefish
- Zion Train – Trought The Legs/Scottish Warrior
- Zion Train – Radio 1 Peel Session
- Zion Train – Get Ready
- Zion Train – Follow like Wolves
- Zion Train – Eagle Ray
- Zion Train – Dance Of Life
- Zion Train – Babylon’s Burning
CD 2
- Zion Train -Procession
- Zion Train –Speaker Shaker
- Zion Train – War In Babylon
- Zion Train - Fly
- Zion Train – Hailing Up The Selector
- Zion Train – King Of The Sound and Blues
- Zion Train – Love Revolutionaries
- Zion Train – Can’t Keep A Good Man Down
- Zion Train – Terror Talk
- Zion Train – Baby Father
- Zion Train – Give Me Good Sensi
- Zion Train – Dub That I Choose (Prof Skank Remix)
Основната слика е преземена од nicdalic @ flickr