Новиот филм „Marley“ е пречистен, вели Roger Steffens
Напишано од Албуми
Новиот „Marley“ филм е познат помеѓу луѓето кои го имаат погледнато, како дефинитивна и точна приказна за животот и делото на Bob Marley. Но иако филмот евпечатлива и полна со чувства приказна за животот на Bob Marley…
(особно последните 6 месеци од неговиот живот, се до неговата смрт од рак во Мај 1981 година), сепак некои историчари кои се занимаваат со делото на Bob Marley, како и некои негови познаници, велат дека приказната е нецелосна.
„Дефинитивен? Мислам дека зборот кој најдобро го опишува филмот е пречистен“, вели светски познатиот автор и историчар за музика Roger Steffens.
–Инволвиран сум во овј проект уште од времето кога режисер беше Jonathan Demme. Тој работеше на филмот цели 16 месеци, го заврши и на денот кога го предаде беше одбиен, најверојатно затоа што премногу навлегуваше во корените на реге филозофијата и на растафаријанството. Беше исполнет со растафаријанци, и тоа неоние кои ги знаете од Холивуд, туку вистински трозаби растафаријанци.
Откако овој проект беше одбиен на сцена стапи Kevin MacDonald и направи прекрасен филм, кој длабоко ќе ве трогне, но сепак имам одредени критики за тоа штосе требаше да биде вклучено во филмот кој трае два ипол часа.
Mac Donald за филмот користел материјали (фотографии, аудио записи…) од архивата на Roger Steffens, кој што светски е познат уште и како најдобриотисторичар за животот и делото на Bob Marley (има напишано 6 книги за „Bob Marley and the Wailers“).
–Темата на филмот е отфрлањето и алиенацијата во животот на Bob Marley – објаснува Steffens. Повторно и повторно зборуваат за тоа како тој бил отфрлен одлуѓето и натеран да ја врши сета валкана работа, уште од времето кога бил мал, за тоа дека бил одметник. Но кое било најголемото отфрлање во животот на Bob Marley? Кое е тоа отфрлање кое објаснува толку многу работи за неговиот подоцнежен живот? Тој бил напуштен како дете, од татко му и мајка му, уште на петгодишна возраст, оставен сам на улиците во Kingston, Jamaica. Дури после година ипол, некои познати луѓе од Nine Mile го виделе и и кажале на мајка му кај е. Овој живот на улиците уште од пет годишна возраст е многу важен дел, бидејќи тогаш Bob ја формира емпатијата за луѓето од улиците кои страдаат, тогаш тој ги засакува. Тој многу лесно можел да се претвори во само уште еден зол убиец од улиците, но тој тоа не станал. Ова не го кажуваат во филмот. Затоа и го нарекувам „пречистен“.
Но Steffens исто така мисли дека филмот на MacDonald е корисен.
–Знаете, поголемиот број од луѓето кои денес живеат на оваа планета се родени по смртта на Bob. Средната возраст на луѓето е од 22-25 години. Мислам дека филмот е наменет за овие луѓе, а не за тие што ги знаат фактите. Јас го сакам овој филм, не сфаќајте ме погрешно. Но тој има некои големи недостатоци и не треба да се нарекува дефинитивна приказна за животот и делото на Bob Marley.
Ова се зборовите на Roger Steffens во врска со новиот „Marley” филм. Но сепак се додека не го погледнете нема да можете да си го формирате своето сопствено мислење. Затоа најискрено ви препорачувам, погледнете го. Нема да бидете разочарани, а и ќе научите работи кои досега не сте ги знаеле.
Извор: The Gazette