Освој тридневна влезница за Trenchtown Festival 2012

Напишано од Дејан Наградни игри

Секоја година, околу 10 илјади луѓе нестрпливо го чекаат првомајскиот одмор за да го посетат Trenchtown фестивалот, и да уживаат во тоа што тој го нуди. По 12ти пат, почнувајќи од 2002, Trenchtown фестивалот шири еколошка порака преку музичката програма и мултимедијални работилници.

Оваа година фестивалот започнува од 30ти април и трае до 2ри мај.

Фестивалот е лоциран во прекрасен амбиент во планинското село, на 15 километри од Суботица, северна Србија, и нуди три дена исполнети со музички концерти и настапи на повеќе од 35 артисти распоредени на 3 сцени. Заштитен знак на фестивалот е бесплатното кампување и најдобрите специјалитети од храна (вклучувајќи вегетаријанска храна) од просторот достапни во нон-стоп отворената шумска кујна.

Да настапуваат на Trenchtown фестивалот, шанса имаат добиено многу реге артисти од регионот и странство, како Mad Professor, Eyesburn, Del Arno Band, Dubioza Kolektiv, Irie FM, Chalice Soundsystem, King Original, Heartical, Lioness Fonts и многу реге и ска бендови и dj-и од Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. И покрај тоа што фестивалот ја задржува својата реге традија, неговата музичка разновидност е претставена преку многуте хип-хоп, панк, рок и електро бендови кои настапуваат секоја година.

Фестивалот нуди атрактивно место за кампување во боровата шума, со капацитет од 800 шаторски места, но бидејќи секоја година фестивалот го посетуваат се повеќе и повеќе луѓе, важно е да се резервира место за камп при секое купување на влезница.

Trenchtown Festival и Roots And Sound организацијата нудат традиционална дневна доза на чиста реге селекција на спедијалната реге soundsystem сцена. Програмата вклучува dj-и и вокалисти од Албанија, Бугарија, Романија, Србија..

Настапуваат:

Roots And Sound DJ’s, Darez Selector, Ital Vision Soundsystem, Mr Rez Albanian Reggae Ambassador, Butchaa, New Relation Generation Dub, Herbal Queen, Djashttown Queen, Aman Zaman, Proces, Zion Crew, Eyesburn, Superhiks, The Socks, ZAA, Roots Rocket..

Цената на влезниците изнесува 7.5 EUR за 1 ден, а достапна е и тридневна влезница по цена од 18 EUR.

ОСВОЈ БЕСПЛАТНА ТРИДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА!

Во соработка со Roots And Sound, доделуваме 1 тридневна влезница за овогодинешното издание на Trenchtown Festival!

Влезницата ќе ја добие оној кој најбрзо на kontakt@reggae.mk ќе испрати точен одговор на прашањето:

„Кој македонски бенд ќе настапи на овогодинешното издание на Trenchtown Festival?“

Среќно! :)