Реге програма на Пиво Фест 2012
Напишано од Настани
Пиво фест е пивски фестивал од отворен тип што се одржува во летниот период во центарот на Прилеп. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладнотопиво и секако масовната посетеност. Оваа година, на првата фестивалска вечер ќе имаме одлична можност да слушнеме еден квалитетен реге артист од Јамајка.
Рас Закари е еден од артистите кој брзо си го изгради своето име и се најде меѓу најактуелните артисти на Јамајканската “roots reggae” сцена. Неговиот свеж иуникатен “Singjay” стил на пеење како и неговите непоколебливи свесни и духовно вкоренети стихови му помогнаа да си го задржи своето име на врвот наинтернационалната реге сцена. Со себе ја носи мирољубивата порака na регето како позитивен начин на живот, зборување за праведност и тоа што всушност требада ги засега срцата на луѓето.
Закари е роден во Јамајка како Bogle Broadie. Детството го поминал во местото наречено Граница помеѓу St.Andrews и St.Mary, пред да се пресели во Кингстон иSt.Ann’s. Како тинејџер дадено му е името Закари од страна на неговиот вујко, реге артистот Buju Banton, кој истотака бил негов ментор во многу работи.Растафаријанската вера стана неговата најголема инспирација и подоцна тој стана член на „12 Tribes of Israel“. Неговата посветеност да создаде квалитетна музика го доведе до многу соработки со некои од најуспешните продуценти и артисти од Јамајка и Европа.
Домашните Conquering Lion ќе ја имаат можноста да ги испратат мирољубивите вибрации заедно со овој Растаман.
Се гледаме на 12ти јули во центарот на Прилеп!