Ричи Стефенс издаде нов сингл по смрта на неговиот син

Напишано од Крум Јаневски Новости

Реге пејачот Ричи Стефенс имал прилично тешка година поради убиството на неговиот посвоен син и реге артист Демар Граам познат по името „Copper Cat“, но Стефенс научил дека најдобар начин да продолжи понатаму е со неговите песни.

Популарниот Стефенс соработувал со dancehall-reggae суперѕвездата, I-Octane за да ја направат песната „Watch Over Me“ која е издадена како сингл за да ја покаже неговата сила иако преживеал таква трагедија.

Стефенс за „Jamaica Observer“ изјавил дека неговата верба во господ му помогнала да се справи со таква трагедија и напишал песна за да покаже дека триумфот секогаш ке преовладува над трагедијата. „Луѓето понекогаш се чуствуваат дека кога лоши работи се случуваат треба да бегаш и да се криеш, но треба да дозволиме семоќниот да не води.“ – изјави реге ѕвездата.

Ѕвездата позната по хитовите „Take Me Away“ & „Where Is The Love“ тврди дека нема да дозволи оние што го убиле син му да му ја одземат мотивацијата да креира реге музика. Тој моментално е зафатен подготвувајќи нови песни и турнеа низ Европа.

„Copper Cat“, 22 годишниот син на Стефенс е убиен во Кингстон. Овој дијеџ е познат по неговите синглови „Friend Murderer“ и „Since You Came In“.