Се снима документарен филм за Dub Incorporation
Напишано од Новости
Додека екипата Dub Incorporation се подготвува за балканската турнеја, во меѓувреме се снима документарниот филм насловен „Rude Boy Story“ во режија на Kamir Merdija.
„Rude Boy Story“ e документарен филм за музичката кариера на овој необичен француски реге состав. Емотивната приказна зборува за група тинејџери кои формираат реге бенд, непретпазливи дека за десетина години ќе се најдат меѓу најпознатите формации.
Kamir Meridja, кој веќе има работено за Mixed и Lost Girl Meta & The Cornerstones, две години го следел бендот на турнеите, во студиото и низ нивниот дневен живот. Филмот исто така ги опфаќа и Sinsemilia Mike, David Babylon Circus, Amazygh Kateb Gnawa Diffusion, Tiken Jah Fakoly и многу други. Скапоцено сведоштво за независноста на артистите во 2000тите.
Премиерата на филмот е закажана за 12ти април, кога бендот ќе се врати од балканската турнеја.
Повеќе информации за проектот може да се најдат на www.rudeboystory.com.