Sopot и Hornsman Coyote со нов заеднички сингл

Напишано од Дејан Новости

Пред неколку месеци пишувавме дека Sopot со синглот „Kosmos“ го најавија својот трет албум „Sopotnik“. Денес од овој се попопуларен бенд ни пристигна уште еден сингл од најавениот албум - „Jesmo, kako nismo“.

Песната претставува спој од повеќе различни музички стилови како reggae и crossover, а шири позитивни вибрации. Снимена е во Мостар (БиХ) во студиото MC Pavarotti. Од бендот изјавуваат дека „Jesmo, kako nismo“ е песна која настанала уште на самите почетоци на бендот, но дури сега го пронашла својот пат и вистинско раѓање.

Покрај јакиот авторски печат на бендот, голем допринос во „Jesmo, kako nismo“ има и големиот пријател на Sopot - Hornsman Coyote со звуците на својот верен инструмент тромбонот. Несебичен допринос има и од перкусионистот Orhan Maslo (поранешен член на Dubioza Kolektiv).

Исто како и претходниот, и овој сингл е бесплатен за слушање и преземање:

JESMO KAKO NISMO (320Mp3) by Sopot bend