Суперхикс со позитивен концерт за полнолетството

Напишано од Дејан Настани

Еден од македонските најактивни бендови Суперхикс, оваа година полни 18 години од појавувањето на сцената. Полнолетството ќе го прослават со голем „Позитивен концерт“ кој ќе се оддржи на 1ви декември во Метрополис Арена како дел од Таксират.

Бендот е формиран во 1994 година и низ годините има издадено едно EP „Music for happiness and sadness“, 3 студиски албуми „Чекај бе викам… каде бе малку“, „Трумано“ и „И сега, што?“ како и два албуми во живо.

Веќе некој период се работи и на подготовките на нивниот четврти студиски албум на кој ќе се најдат и хитовите „На лута рана“, „Африка“ и „Ти треба некој“. Промоцијата на овој албум ќе се случи точно на концертот на 1ви декември.

Повеќе информации во врска со концертот се очекуваат наскоро.