Топ 10 албуми од 2011
Напишано од Албуми
И покрај тоа што често се жалев од неа, 2011та воопшто не беше лоша година кога се работи за издаваштвото. Гледајки наназад - тоа што недостасуваше во изданијата на повеќето од големите имиња од жанрот, го поправија неколку помалку познати имиња кои во некои случаи си обезбедија и сцена за да го направат наредниот чекор.
Имаше и големи имиња кои вложија голем напор, како и некои враќања кои заживеаа оваа година. Земајки го во предвид фактот дека не дадов 5/5 оценка оваа година, сигурно можам да кажам дека, сега кога се е готово, ова беше прилично добра година за реге албумите. Колку точно добра? Да ги погледнеме најдобрите од оваа година: Топ 10 реге албуми од 2011та.
* Текстот е превод од Achis’ Reggae Blog.
#10. Alpheus - "From Creation" [A-Lone Productions]
Live & Learn. Навраќајки се во ова време минатата година, мислам што ли ќе се издвоеше ако тогаш ми ја покажевте оваа листа. Дефинитивно некаде околу најголемите изненадувања ќе беше ова парче од Alpheus во кое пејачот како генијално да го враќа времето. “From Creation” лично за мене е прекрасен бидејки кон него можам да покажам како кон албум кој не би ми се допаднал пред неколку години, но со текот на времето дојдов до момент кога не само што го почитувам, туку и уживам во неговата убавина. На врвот од се, албумот е од артист кој не беше особено близок до мојот „радар“ за слушање, но тоа на големо се промени во 2011та. Од сега внимавам. Направи уште еден!
Најдобра песна: “From Creation”
#9. Sara Lugo - "What About Love" [Soulfire Artists/Oneness Records]
Familiar stranger. Што да кажам повеќе? Многу! Тоа што стана еден од најзборуваните албуми, “What About Love”, од еден од најзборуваните артисти, Sara Lugo, не е само затоа што мислам дека таа е апсолутно прекрасна ѕвезда, туку затоа што тоа е мошне ретко за некое дебитирање. Додека се навраќав да ги преслушам сите кои влегоа во оваа листа, овој албум никогаш не заскита предалеку од мојот плеер, сеуште слушам прекрасни песни! Сеуште слушам клучни пораки! И сеуште ја слушам ефективноста на нивното спојување со овој неверојатно заразен и брилијантен реге-иран џез стил. И сето тоа е само старт од артист како Sara Lugo која во 2011 одскокна со еден од најзашеметувачките албуми кои можат да се најдат.
Најдобра песна: “Part of My Life”
#8. Sizzla Kalonji - "The Scriptures" [John John]
Lead the way. Како напишаново, Sizzla Kalonji изгледа подготвен да направи бум во почетокот на 2012 со издавање на потенцијално масивниот “The Chant” албум, но поради тоа што ја завршуваме 2011, важно е да запомтиме дека нему добро му одеше и годинава. “The Scriptures” всушност беше првиот издаден албум на Sizzla после некое време и дури и покрај тоа што кога се работи за него очекувањата се секогаш високи, албумот немаше никакви проблеми за да се соживее со моите лични очекувања. Барем за мене, Sizzla секогаш е лидер, a John Hohn го насочиле во вистински правец да издаде албум кој, иако е првокласен, изгледа со текот на времето ќе крева уште повеќе прашина.
Најдобра песна: “Music In My Soul”
#7. Midnite - "Kings Bell" [I Grade Records/Andrew 'Bassie' Campbell]
King cobra. Очекуваната необична брилијантност дојде светло сјаејки преку “Kings Bell” и според моето мислење дојде сјаејки на начин кој порано кој го немаше некое време. Сигурно, голем дел од тоа е поради напорот на Vaughn Benjamin, фронтменот на Midnite, кој продолжува да маѓепсува и едуцира во неговата кариера, но исто така голем дел од работата му припаѓа и на Andrew ‘Bassie’ Campbell кој го продуцираше албумот. Резултатот е вибрирачка брилијантност! Албомот го создаде и првото видео во кариерата на Midnite, за синглот “Mongst I & I”, видео кое порасна во еден од нивните најкоментирани и најпромовирани проекти и се покажа како неизбежен низ финалниот квартал на 2011. И лично не смеам да заборавам дека во овој албум се наоѓа и “Black Mamba”, најдобрата песна која ја слушнав во 2011.
Најдобра песна: “Black Mamba”
#6. Joggo - "Modern Rockers Vol. 1" [Dredda Records]
I wonder. 2 рабои со оваа - Најпрвин, како што кажав, преслушав се кога одлучував што ќе се најде на оваа листа и колку добро се споредува со другите и… бла бла бла. Во случајот на “Modern Rockers Vol. 1”, албумот ми изгледаше дека е (не баш) голем, но излезе дека е многу поголем од што очекував. За мене, кога ќе слушнам одредени песни што можеби се постари (нема да именувам, но знаете за што зборувам), добивам одлично чувство, како да сум пред нешто спектакуларно, и ова ми се случува веќе околу шест пати додека го слушам овој нов албум со старо име. Единствен траен приговор овде е тоа што Joggo беше толку добар што станав нервозен бидејки го стопираат на само 11 песни - три или четири повеќе на истото ниво и нема позиција која е надвор од достижноста на албумот, што е веројатно најдоброто нешто што жанрор го има видено од Suriname.
Најдобра песна: “I & I Know”
#5. "Ziggi Recado" [Rock 'N Vibes Entertainment]
Still in transit. Деновиве, кога станува збор за истоимениот албум од Ziggi Recado, она на што сум навистина фокусиран е само колку различен беше звукот. Се случува толку многу и не знам дали и порано беше така со мене, но дури и за некого чиј вкус е можеби поизострен, тоа е убаво! “Ziggi Recado” не е албум кој би го нарекол “landmark” или нешто такво, но се движи во тој правец за некој кој не само што е еден од најталентираните артисти во Реге музиката денес, туку некој чие „патување“ е очигледно сеуште започнува.
Најдобра песна: “New Day”
#4. Tiwony - "Cité Soleil" [Blackwarell Sound Inc.]
Arise. За албум кој пристигна и не импресира во првата половина на годината, третиот соло проект на Tiwony, “Cité Soleil”, ја „потроши“ втората половина на 2011 растејки и растејки. Дојде до точка кога јас би прогласил “3a & 3b” ситуација (но тоа е дури под нашите апсолутно непостоечки стандарди) помеѓу него и „сончевата“ селекција на повисокото место. “Cité Soleil” е масивен, спектакуларен албум. Јас сум некој кој, во одредени случаи како со Ziggi и неколку други кои се најдоа на листата, навистина во предвид ги зема артистите кои добро се снаоѓаат со притисокот и нагласувањето, а Tiwony е еден од нив. Овие крајно надарени лица ќе одиграат голема улога во одбранувањето на музиката од оваа моментална генерација на реге музика со муниција како што може да се најде овде - пример дека јас, како голем поддржувач на моменталното време, немам за што да се грижам.
Најдобра песна: “L’Union Fait La Force”
#3. The Uprising Roots Band - "Skyfiya" [TRU Musik Productions/DP&B Entertainment]
Shining. The Uprising Roots Band дефинитивно беа на мисија да ја осветлат 2011 и го направија тоа со нивниот прв албум “Skyfiya”. Албумот ми стана личен фаворит во последно време. “Skyfiya” е албум од тип со кој обично бавно се поврзуваме. И покрај тоа што албумот и не отвори некоја голема дискусија, тој сепак е одличен. Со песни како насловната, “Brightest Light”, “Shinin So Bright”, “Krash Like Lightenin” и “Brighter Days”, очигледно е која е намерата овде и “Skyfiya” не остава ни тронка сенка кога таа е завршена. Осветли се!
Најдобра песна: “Skyfiya”
#2. Luciano - "Rub-A-Dub Market" [IrieVibrations Records]
Living legend. За секој случај, ако сте заборавиле како дојдовме до точка каде Luciano стана еден од најпочитуваните реге артисти на денешницата, тој потроши голем дел од минатите години покажувајки зошто тоа е така, и тоа на најдобар можен начин - преку музиката. Следејки ја 2010, кога издаде два добри албуми “United States of Africa” и “Write My Name”, Luciano во 2011 се искачи уште едно ниво повисоко со албумот “Rub-A-Dub Market”. Албумот продуциран од IrieVibrations е уште еден албум кој станува се подобар уште од првото вртење, и според мене може да биде рангиран како еден од најдобрите во неверојатната кариера на “The Messenjah”.
Најдобра песна: “Rub-A-Dub Market”
#1. Etana - "Free Expressions" [VP Records]
The strongest one. Зборот што паѓа на памет е “Halting”. Кога се дојде до овој дел, се застанува и… не само затоа што нема ништо после него. Дури и повеќе од случаите со Ziggi и Tiwony, Etana е личност што на големо цели кон прикачување на денешната реге музика кон нејзиното име. Долго после неа луѓето ќе зборуваат за нејзината музика. Годинава таа дефинитивно беше без конкуренција во она што го прави.
Немаше ништо посилно од “Free Expressions” во 2011, албум издаден уште во февруари и барем за мене преку целата година беше лидер за оваа листа. Од Etana секогаш можеме да очекуваме нешто навистина значајно. До сега двапати ни го покажа тоа, а можете ли да замислите што се ќе издаде во наредните 20 години? Да го оставиме тоа за генерациите, а сега во 2011 да го почитуваме она што веќе го има сторено: “Free Expressions” - Најдобар реге албум на 2011.
Најдобра песна: “Free”