Vybz Kartel: „Невин сум и потребна ми е вашата помош!“
Напишано од Новости
Денсхол ѕвездата Vybz Kartel го прекина молкот околу неговите моментални проблеми со законот, изјавувајќи дека е невин. Vybz Kartel (Adidja Palmer) напишал писмо до Carolyn Cooper, професорка на West Indies универзитетот барајќи нејзина помош во случајот.
Cooper, која е страстен поддржувач на Vybz Kartel, напишала статија во неделното издание на Jamaica Gleaner наведувајки делови од писмото на Kartel. Во неговото писмо тој напишал дека извршителите на законот ги користат медиумите за да ја свртат јавноста против него.
„Како што знаете, во затвор сум поради повеќе обвиненија и би сакал да ви кажам дека сум невин човек на кому му е потребна вашата помош бидејки ме оцрнуваат како „DJ преку ден, криминалец преку ноќ“ убиец кој е причина број еден за криминалот и насилството во општеството. Полицијата ги користи медиумите за да ме уништи и мислам дека нема да добијам фер истрага. Ги користат медиумите за да создадат јавно мислење за мене кое е спротивно од личноста која навистина сум.“ напишал Vybz Kartel.
„Секое делче од евиденцијата, секој нов развој на случајот се изнесува на телевизија како ова да е сапунска серија. Но, можам да ве уверам дека ова за мене не е филм. Се работи за мојот живот и мојата слобода, а нив ги сфаќам сериозно.“
„Многу пати сум бил во судот и сум видел стотици случаи на луѓе осудени за грозоморни дела како убиства на деца, палење и убивање на цели семејства и никогаш немам видено полицијата на телевизија да расправа за тие случаи, уште помалку секоја недела, како во мојот случај.“
Vybz Kartel беше уапсен во септември минатата година и обвинет за две убиства, поседување оружје и спремање заговори.
Извор: Urban Islandz