Здраво од Гето Руди

Напишано од Гето Руди Архива на Гето Руди

Ајри. Реге-заедницата на овие простори во последните години ме препознава како Гето Руди. Псевдоним што го добив кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, пишувајќи за „Студентски збор“ и правејќи реге-емисии во Студентското радио, наречени „Гето Руди – враќање на стариот звук“.

Во оваа пригода нема да се навраќам на стариот реге-звук, туку ќе ви презентирам текстови за регето и за другите музички правци што произлегуваат од него. Дел од текстовите се стари, објавени по разни списанија, весници, интернет-страници итн. (се разбира, „нашминкани“ и збогатени со свежи информации), а дел ќе бидат нови текстови што ќе ја следат современата состојба во реге-музиката на Јамајка и во светот.Ќе почнам со мојата семинарска работа по предметот Технологија, комуникации и култура на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), текст што пишува за животот на растафаријанците во „глобалното село“. Доколку имате слободно време за читање и ве интересира регето и растфаријанството, симнете ги трудот што брои околу дваесетина страници тука. Би ми било особено задоволство, доколку по прочитувањето на текстот имате какви било коментари или што друго за споделување, да продискутираме на темите начнати во мојата семинарска работа.