„Биг Ап Скопје“ прв реге фестивал во Македонија

Напишано од Дејан Настани

Од 24 до 26 јуни во Скопје, на новата градска плажа, покрај Камени мост, ќе се одржи несекојдневен настан. Несекојдневен е затоа што ова е првиот реге фестивал, насловен „Биг ап Скопје“, некогаш организиран во Македонија.

Најпосле и нашата држава ќе се најде на мапата на светското реге. Влезот ќе биде слободен, а ќе настапат повеќе од 20 реге-артисти.

Фестивалот „Биг ап Скопје“, во три дена, ќе понуди програма од реномирани светски реге-имињи и домашни диџеи и бендови. Ѕвезда на фестивалот е Џенерал Ливи од Велика Британија, познат по неговиот огромен интернационален хит „Инкредибл“. Од Германија доаѓаат Ефраим Јуда, кој важи за еден од најнадежните реге-пејачи од берлинската сцена, и Мика Рагуа, симпатичната и весела диџејка од Хале.

Повеќе информации може да прочитате во делот за настаните.