Bob Marley Day во Скопје и Битола
Напишано од Настани
Пред нас е 11ти мај, денот на кој веќе десеттина години кај нас му се оддава почит на Роберт Неста (Боб) Марли, најголемата реге легенда на сите времиња. Настанот од 2003та секоја година се оддржува во Скопје, а од оваа година традицијата се започнува и во Битола.
Во изминатите години, Bob Marley Day го имаат посетено илјадници посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност јапренесуваат универзалната порака на мирот.
Настанот во Скопје започнува во 12 ч. во Градскиот Парк на Школка, а ќе настапат: Red Rats, Bob Marley Tribute Band, Canon, DJ Charlyto, Rasta Srna, JamSistazz и Лукавиот.
Од оваа година, во организација на Здружението за урбана култура и уметност „Machina“, настан за одбележување на овој ден ќе има и во Битола во Градскиот т.н. Долен Парк. Овде ќе настапат повеќе диџеи кои ќе ја промовираат реге музиката се до вечерта каде насобраната енергија од сонцето и фините мелодии ќеможе да се истроши на вечерната журка со подинамичниот drum’n’bass односно jungle кој ќе продолжи се до доцна во ноќта.
Во Битола настапуваат: Toni [BT], Mustak [BT], King Selassie [BT], Active Rasta Selectors (Geto Rudi & Ya Man) [SK], Smack [SK], Iuna [SK] и Tecktone [SK].
За повеќе информации во врска со настаните, кликнете на соодветниот плакат: